Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

ДИВ ја намали прогнозата за падот на германската економија на шест отсто

Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ) денеска објави дека очекува економскиот пад на земјата поради пандемијата на коронавирусот да достигне 6,0 проценти оваа година, наместо 9,4 проценти, како што предвидуваше претходно.

Берлин, 10 септември 2020 (МИА) – Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ) денеска објави дека очекува економскиот пад на земјата поради пандемијата на коронавирусот да достигне 6,0 проценти оваа година, наместо 9,4 проценти, како што предвидуваше претходно.

– Германската економија оди добро со оглед на околностите, рече аналитичарот од ДИВ Клаус Микелсен.

Во исто време, ДИВ ја зголеми проекцијата за раст на бруто домашниот производ за следната година на 4,1 процент од предвидените 3,0 проценти во јуни, но предупреди дека пандемијата сепак може да доведе до стопирање на економската активност.

– Би било погрешно да се мисли дека кризата брзо ќе заврши, рече претседателот на ДИВ, Марсел Фрачер.

Германската економија забележа рекорден пад од 9,7 проценти во вториот квартал, по кој, ако не беа државните мерки за поддршка на економијата, ќе следеше бран на банкрот и масовна невработеност, оценуваат експертите. ссм/

Back to top button
Close
Close