Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Дискусија на тема „Говорот на омраза и неговите ефекти врз поединците и врз младите“

Панел дискусија на тема „Говорот на омраза и неговите ефекти врз поединците и врз младите“ се одржа во зградата на општина Тетово во организација на Локалниот младински совет. Беа презентирани три теми: „Говорот на омраза во поглед на безбедноста“, „Сајбер насилство и говор на омраза врз жените“ и „Говор на омраза во средните училишта“.

Тетово, 17 февруари 2020 (МИА) – Панел дискусија на тема „Говорот на омраза и неговите ефекти врз поединците и врз младите“ се одржа во зградата на општина Тетово во организација на Локалниот младински совет. Беа презентирани три теми: „Говорот на омраза во поглед на безбедноста“, „Сајбер насилство и говор на омраза врз жените“ и „Говор на омраза во средните училишта“.

-На локално и глобално ниво е важно да се зборува на оваа тема и да се едуцираат младите за последиците со оглед дека така може да се добијат резултати. Во периодот од 2014-2020 според официјални податоци на институциите кои следат говор на омраза во Тетово има само 8 случаи, или 1, 12 отсто од сите 660 пријавените случаи. Ние како локални институции работиме со училиштатат, универзитетите и институциите на превенција со цел да се субие оваа појава, изјави Ахмед Ќазими, од секторот за јавни дејности при општина Тетово.

Арта Селмани продекан на Правен факултет, Универзитет на Југоисточна Европа во својата презентација зборуваше за сајбер насилство и говор на омраза врз жените.

-Има случаи но пријавени се малку. Жените не секогаш го пријавуваат насилството особено на интернет. Во случајот „јавна соба“ атакот беше врз младите девојки кои имале постирано фотографии на интернет. Треба да се пријави говор на омраза зошто е кривично дело, во секторот за компјутерски криминал при МВР. Ги советувам младите добро ја согледуваат онлајн содржината и да ги пријавуваат случаите до администрацијата на интернет страниците, истака Арта Селмани.

По претставување на презентациите, присутни поставуваа и прашања до претставниците на институциите. ас/ац/

Back to top button
Close
Close