0_Македонија.ПорталОпштество

Дискусија „Менталното здравје и пандемијата од коронавирусот – глобални предизвици”

Вклучете се во дискусијата „Менталното здравје и пандемијата од коронавирусот - глобални предизвици", што ќе се одржи вечер во 19 часот, порача денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Вклучете се во дискусијата „Менталното здравје и пандемијата од коронавирусот – глобални предизвици”, што ќе се одржи вечер во 19 часот, порача на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Сите заедници подеднакво се соочуваат со огромниот предизвик на прилагодување на ваквите физички, социјални, и економски промени, како и на промените во начинот на живот. Дополнителен предизвик претставува и справувањето со стравот од заболување од Ковид-19 и неговите последици кои може да бидат и опасни по животот, грижата за лицата што ни се блиски, а се особено погодени, и тагувањето по саканите лица поради разделба или изолација, посочи Филипче.

За форумот повеќе информации има на линкот: https://uni.cf/3dhnaM7 каде ги има и линковите за вклучување во живо во дискусијата. рп/лв/

Back to top button
Close
Close