0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Директорска смена во ЈПВ„ Студенчица“

Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ од Кичево со нов директор, откако по три години е сменет досегашниот директор Урим Ахмеди.

Скопје, 18 февруари (МИА) – Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ од Кичево со нов директор, откако по три години е сменет досегашниот директор Урим Ахмеди.

На местото на Ахмеди доаѓа како В.Д.директор Ардита Дани правник од Кичево, која досега беше вработена во „Македонски пошти“, а во изминатите осум години во два мандати беше советник во Општина Кичево.

Имено, ова претпријатие со вода за пиење ги снабдува шесте општини од југозападниот дел на земјава: Кичево, Пласница, Македонски Брод, Долнени, Прилеп и Крушево или со вода од овој хидросистем се снабдуваат околу 160 000 граѓани . Во ЈПВ„ Студенчица“ вработени се 59 лица а, истото седиште има во Кичево.

Ардита Дани е претседателка на огранокот на ДУИ за Општина Кичево.за/см/

Back to top button
Close
Close