0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Директорот на Вимблдон: Се надевам дека Федерер и Серена ќе играат во 2021 година

Тој ги сподели своите очекувања за следното издание на турнирот и посака сите фаворити да бидат здрави и да учествуваат на Гренд слем.

Лондон, 3 април 2020 (МИА) – Директорот на едно од најпрестижните натпреварувања во светскиот тенис – „Вимблдон“ – Ричард Луис изрази надеж дека турнирот во 2021 година ќе биде посилен од кога било.

Тој ги сподели своите очекувања за следното издание на турнирот и посака сите фаворити да бидат здрави и да учествуваат на Гренд слем.

– Многу би сакал 2021 година да биде различна година за сите. По тешките периоди што ги доживуваме сега, се надевам дека размислувањето на луѓето ќе се промени. Очекувам да ги видам сите фаворити кај мажите и жените во следното издание на турнирот. Јавноста го заслужува тоа. Сигурен сум дека заедно не очекуваат неверојатни емоции, а најголема моја желба е Роџер Федерер и Серена Вилијамс да се појават на светата трева. Тие се големи шампиони и обајцата имаат 15 освоени титули овде. Убеден сум дека најдоброто допрва треба да дојде, заклучи директорот.

Таг
Back to top button
Close
Close