0_Спорт.ПорталФудбал

Директорот на Удинезе за обнова на Серија А на 13 јуни: Лудило!

Директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино изрази незадоволство од одлуката за продолжување на Серија А на 13 јуни, суспендирана поради коронавирусот.

Удине, 18 мај 2020 (МИА) – Директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино изрази незадоволство од одлуката за продолжување на Серија А на 13 јуни, суспендирана поради коронавирусот.

– Ако 13 јуни биде одобрен како датум за рестарт на Серија А, тогаш ова ќе биде апсолутно лудило за играчите и клубовите. Нашиот став е дека треба да се вратиме на теренот само кога ќе се гарантира безбедноста на играчите и персоналот, изјави Марино за „Радио Раи 1“.

Од 18 мај на тимовите во Италија им е дозволено да изведуваат групни тренинзи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close