Дописници МКДОпштински вести

Директорот на Царинска управа Танасоски во работна посета на Делчево

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска го посети граничниот премин Делчево каде направи увид во инфраструктурните интервенции што беа направени во изминатиот период и на оние што ќе се реализираат во иднина на овој граничен премин.

Делчево, 5 февруари 2020 (МИА) – Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска го посети граничниот премин Делчево каде направи увид во инфраструктурните интервенции што беа направени во изминатиот период и на оние што ќе се реализираат во иднина на овој граничен премин.

– После долги години на Граничен премин ,,Делчево” се инвестираше во промена на дограма и друга инфраструктурна интервенција, така да можеме да речеме дека условите за работите се исклучително подобрени, рече Танасоски.

Во попладневните часови оствари средба со дел од сопственици на успешни компании во Делчево.

– Сакаме да ги сослушаме, да им претставиме кои се новините во царинското работење, на кој начин можеме да им излеземе во пресрет, се со цел да ги користат поедноставените постапки, со што ќе им се олесни движењето преку границите, а со самото тоа ќе се зголеми и нивната конкурентност и можноста за учество во тие регионални синџири на снабдувања, додаде Танасоски.

На средбата со делчевскиот градоначалник Горан Трајковски се разговарало за повеќе аспекти од локално значење.

– Разговорите ги водевме во таа насока, да видиме кои бенефити може да ги има и ги има градот Делчево со граѓаните од Бугарија кои често доаѓаат овде во нашиот град за разчични потреби, кои некој начин тие ја раздвижуваат економијата во нашиот град, рече Трајковски.

Танасоски и Трајковски ги посетија извозно ориентираните фирми „Крзно“ и „Алпин Ком“ кои се едни од поуспешните компании во општина Делчево, кои како што истакнаа, имаат одлична соработка со Царинската управа на РСМ. Како најголем проблем во овие разговори беше посочен проблемот со работна сила, а како позитивен пример беа истакнати европските плати за вработените. вс/цр

Back to top button
Close
Close