0_Македонија.ПорталОпштество

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот во посета на МАЛМЕД

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, ја посети Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), при што оствари работна средба со директорката Висара Риза, се вели во соопштението на АПЈ.

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, ја посети Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), при што оствари работна средба со директорката Висара Риза, се вели во соопштението на АПЈ.

За време на средбата Села, како што информираат од АПЈ, истакнал дека тие се секогаш отворени за соработка, вклучително и со МАЛМЕД како исклучително важен орган на државната управа чија цел е заштита на здравјето на граѓаните преку имплементација на регулативата и ефикасен надзор во областа на производство и промет со лекови и медицински средства.

– Средбата беше можност да се добијат сознанија околу тековната состојба со имплементација на Законот за употреба на јазиците во работата на МАЛМЕД. Воедно, директорот Села се интересираше и околу можноста граѓаните кои се потрошувачи на лекови и медицински средства упатствата за употреба на истите да бидат напишани на службените јазици во Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на АПЈ.

Воедно, Риза изрази задоволство од средбата при што ја искористи приликата да го информира директорот Села за тековната состојба во МАЛМЕД, а воедно се заложи за натамошно продолжување на дијалогот меѓу двете институции. оџ/сп/

Back to top button
Close
Close