Дописници МКДОпштински вести

Директорката на УЈП Лукаревска на средба со стопанственици од Крива Паланка

Директорката на управата за јавни приходи Сања Лукаревска, попладнево оствари средба со стопанстевниците и вработените од бизнис секторот во Крива Паланка на која се дискутираше на повеќе теми од даночната сфера со цел подобрување на условите за спроведување економски политики во државата.

Крива Паланка, 5 март 2020 (МИА) – Директорката на управата за јавни приходи Сања Лукаревска, попладнево оствари средба со стопанстевници и вработени од бизнис секторот во Крива Паланка на која се дискутираше на повеќе теми од даночната сфера со цел подобрување на условите за спроведување економски политики во државата.

– Нашата цел е да слушнеме непосредно од стопанствениците и даночните обврзници дали ние како даночен орган сме во добра насока на остварување партнерски однос со бизнис заедницата и како се задоволни од промените и новите мерки и проекти. Еден од поуспешните проекти е претпополнетата Годишна даночна пријава и доставата на истата за корекција до физичките лица, како и мерката мој ДДВ која веќе даде поврат на граѓаните и се надминуваат недостатоците на истата во од. Тука сме како институција за сите критики и препораки, сугестии за да ја унапредиме работата и да се надминат сите проблеми, рече Лукаревска.

Според Васе Недановски од УЈП, стратешките цели на управата се воспоставување нови услуги за граѓаните и востановување партнерски односи со даночните обврзници, поедноставени постапки, како и подобрување на даночната клима и даночната култура во Република Северна Македонија.

– Во 2019 година првпат е направен поврат на персонален данок на земјоделците кои во 2018 оствариле поголем приход од милион денари, со новината- пополнета даночна пријава 795.953 граѓани поднесоа ГДП преку Е -ПДД, со што се растеретени турканиците пред шалтерите на УЈП, направени се 714 контроли со утврдени 508 неправилности за фискалната политика во насока на сузбивање на сивата економија, воведен е мој ДДВ проектот, со кој во првото тримесечје на исплата регистрирани се 147.000 граѓани кои скенирале сметки, а октомври-декември 197.000 граѓани. Продолжи мерката за субвенционирање придонеси за социјално осигурување за зголемување на минималната плата на работниците, воведен е ваучер системот за донации во спорт на средства до 50 отсто од остварениот данок на приход, така што низа новини и мерки се реализираат за подобрување на даночната политика и култура во државата, рече Недановски.

На средбата беше кажано дека УЈП континуирано работи и на обука на вработените, иницира измени на законите во нејзина надлежност и спроведување владини мерки, но во континуитет и ги обучува правните и физички лица за новитетите во даночните процедури, разгледувајќи ги секогаш забелешките и сугестиите од страна на фирмите и граѓаните. ид/нд/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close