0_Македонија.ПорталОпштество

Дирекцијата за заштита и спасување во акција на расчистување по поплавата во Теарце

Дирекцијата за заштита и спасување се вклучи во расчистување на последиците од дождовите кои предизвикаа поплавување на реката Поника во општина Теарце.

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Дирекцијата за заштита и спасување работи на расчистување на последиците од дождовите што предизвикаа поплавување на реката Поника во општина Теарце.

Од Дирекцијата информираат дека од вчера екипа од Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување-Тетово е постојано на терен и во континуитет ја следи и надгледува работата на ангажираната машинерија за расчистување на теренот. ир/скс/

 

Back to top button
Close
Close