ЕвропаЕвропа.Портал

Дипломат од Киргистан претепан во Москва

Во центарот на Москва непознат маж го претепал вицеконзулот на амбасадата на Киргистан, Тигран Кондахјан.

Москва, 13 јуни 2020 (МИА) – Во центарот на Москва непознат маж го претепал вицеконзулот на амбасадата на Киргистан, Тигран Кондахјан.

Дипломатот изјавил дека имал конфликт со непознат млад маж во близина на една метро станица, а потоа тоа прераснало во расправија и тој добил удар во главата.

Вицеконзулот по инцидентот поднел пријава во полиција и започната е потрага по напаѓачот.

Кондахјан работи во киргистанската амбасада во Москва од 2016 година. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close