0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталДописници МКДЕкономијаОпштествоОпштински вести

Димковски: Произведеното грозје од оваа реколта ќе биде откупено

 Ако цената за килограм грозје падне под ланската, берба нема да има. Родот ќе остане на нивите, порачаа денеска претставниците од регионалното здружение „Напредни лозари” на средбата со министерот за земјоделство Трајан Димковски во месноста Моклиште, Ваташа, кај Кавадарци.

Кавадарци, 25 јуни 2020 (МИА) – Ако цената за килограм грозје падне под ланската, берба нема да има. Родот ќе остане на нивите, порачаа денеска претставниците од регионалното здружение „Напредни лозари” на средбата со министерот за земјоделство Трајан Димковски во месноста Моклиште, Ваташа, кај Кавадарци.

Министерот Димковски ги слушна нивните барања за цената, но и проблемите со извозот кои, како што изјави, очекува брзо да се надминат. Димковски рече дека целокупното произведено грозје од оваа реколта ќе биде откупено.

-Се согласуваме со барањето на лозарите за постигнување цена за килограм грозје на минатогодишно ниво. Разговаравме и за проблемите околу извозот на винско грозје. Очекувам брзо да се надминат, истакна Димковски.

Димковски ги информира лозарите за неговите претходни разговори со винарниците. Иако клучна тема на средбата беше претстојниот гроздобер во услови на КОВИД-19, Димковски се осврна и на други активности што се преземаат за подобрување на условите во лозарството и винарството.

-Сепак, сега приоритет ни е реколтата 2020, дециден беше Димковски, нагласувајќи дека Министерството, како и изминатите три години, е отворено за соработка со лозарите. Министерот потсети и дека се што било договарано, е исполнето.

Одговорајќи на нановинарско прашање, Димковски рече дека субвенциите редовно се исплаќаат. 

-Свесни сме дека пандемијата направи штета во целиот свет. Сепак, ако цените за килограм паднат под минатогодишните, ние нема да го бериме грозјето и родот ќе остане на нивите, напомена претседателот на „Напредни лозари”, Трајче Кулев.

На средбата во Моклиште беше и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски. свд/мч/

Back to top button
Close
Close