БизнисБизнис.ПорталДописници МКДЕкономија

Димковски: Позитивни ефекти од државната поддршка за набавка на високовалитен генетски располоден материјал во сточарството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски денеска остварија работна посета на Општина Чешиново-Облешево, при што посетија и краварска фарма во селото Соколарци, што добила финансиска поддршка од Програмата за рурален развој.

Кочани, 17 јануари 2020 (МИА) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски денеска остварија работна посета на Општина Чешиново-Облешево, при што посетија и краварска фарма во селото Соколарци, што добила финансиска поддршка од Програмата за рурален развој.

Димковски изјави дека било заклучено дека се добиваат позитивни ефекти од примената на мерката за кофинансирањето на набавката на висококвалитетен генетски расплоден материјал во сточарството, што по барање на сточарите беше воведена минатата година.

– Сведоци сме на уште една успешна набавка со мерката, овојпат во Соколарци, што е во вредност од над 10 милиони денари. Вкупната вредност на целосната набавка од мерката, согласно последниот повик од минатата година, изнесува 135 милиони денари финансиска поддршка за набавка на 1.529 грла високо стелни педигрирани јуници. Кофинансирањето е од 50 до 75 отсто и тоа е историски највисока поддршка. Досега се увезени 535 грла јуници,а во наредниот период ќе продолжи увозот и ќе се набави вкупно планираната бројка. Освен јуници, планирана е набавка на педигрирани грла овци и кози, со што овозможуваме да се создаде домашен генетски потенцијал што понатаму треба да се одржува, истакна министерот Димковски.

Според директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски позитивен е податокот дека апликација поднеле и две жени кои се носители на земјоделски стопанства, што значи дека и руралните жени се охрабруваат да се занимаваат со сточарство и да ги користат мерките од програмите.

– На последниот оглас склучивме 68 договори за увоз на педигриран добиток во висина од 135,5 милиони денари од кои два проекта се во Соколарци. Претходно ги олеснивме и процедурите за добивање на средствата за набавка за добиток, односно прво се склучува договор, а потао фармерите влегуваат во инвестиции, истакна Бабовски

Според градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Горанчо Крстев, поддршката за отворање нови фарми, ќе значи развој на руралните средини и отворање на нови работни места. та/фф/

Back to top button
Close
Close