0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаПолитика

Димковски: Исплатени 607 милиони денари субвенции за сточарите

Вкупно 607 милиони денари легнаа на сметките на 3.213 сточари, одгледувачи на овци, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Битола, 24 февруари 2020 (МИА) – Вкупно 607 милиони денари легнаа на сметките на 3.213 сточари, одгледувачи на овци, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

По посетата на сточарска фарма во битолското село Дихово, Димковски изјави дека во наредниот период ќе продолжи исплатата на субвенции според планираната динамика.

-Ова е уште една потврда дека субвенциите се исплаќаат навреме и неселективно. Се надевам дека сточарите средствата од субвенциите ќе ги искористат за набавка на нови грла, за производствена опрема и за сé што е потребно за да го развиваат сточарството, истакна Димковски.

Директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски рече дека до денеска во агро секторот се реализирани над 381, 6 милиони евра, средства кои во ниту еден претходен мандат не биле исплатени.

Министерот Димковски, директорот Бабовски и градоначалникот на Битола, Наташа Петровска ја посетија сточарската фарма на Никола Ѓоргиев,претседател на Сојузот на одгледувачи на овци кој информираше за соработката и комуникацијата со МЗШВ. мт/мч/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close