0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономијаПолитика

Димковски, Бабовски и Крстев во село Соколарци ќе посетат објект со високостелни јуници

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска во село Соколарци ќе посети објект во кој се сместени 96 високостелни јуници со висок генетски потенцијал, набавени преку мерката 1.2.1 од Програмата за рурален развој.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска во село Соколарци ќе посети објект во кој се сместени 96 високостелни јуници со висок генетски потенцијал, набавени преку мерката 1.2.1 од Програмата за рурален развој.

Димковски ќе биде придружуван од директорот на Платежна агенција Николче Бабовски, како и од градоначалникот Горанчо Крстев на Општина Чешиново-Облешево,

– Со измената на мерката која МЗШВ ја направи минатата година, олеснет е начинот на набавка на добиток и резултатите се веќе видливи на терен. Еден од примерите за набавка преку оваа мерка е токму набавката во село Соколарци, стои во соопштението од МЗШВ. цр/мч/

Back to top button
Close
Close