0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Димитров: Влеговме во НАТО, ќе станеме дел и од ЕУ

Влеговме во НАТО, можеме и сакаме да влеземе и во Европската Унија, порача носителот на кандидатската листа на Колицијата „Можеме“ во ИЕ1 Никола Димитров во изјавата за медиумите дадена пред ЕУ Инфоцентарот во Скопје.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Влеговме во НАТО, можеме и сакаме да влеземе и во Европската Унија, порача носителот на кандидатската листа на Колицијата „Можеме“ во ИЕ1 Никола Димитров во изјавата за медиумите дадена пред ЕУ Инфоцентарот во Скопје.

– Денес никој не ветува членоство во НАТО бидејќи таа работа ја завршивме. Немаше политичка партија што од нашата незвисност, не ветуваше членство во НАТО. За помалку од три години, ја отворивме вратата, и денес сме рамноправна и горда членка на најмоќната алијанса во историјата на човештвото, НАТО. Бараме убедлива политичка победа, нов чист политики мандат од ѓраѓаните  бидејки нашата мисија не е завршена. Сакаме европски стандарди, дома во нашата татковина. Докажавме дека можеме, влегоме во НАТО. Ќе докажеме дека можеме повеќе и уште подобро и сериозно ќе зачекориме по еврпскиот пат, изјави Димитров.са/

 

Back to top button
Close
Close