0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитика

Димитров: Случајот со Северна Македонија е тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан

Огромното мнозинство на земјите-членки на ЕУ поддржува одржување меѓувладини конференции и со Северна Македонија и со Албанија. Јас исто така сметам дека ова е официјална позиција на Европската Комисија. Тоа е и целта на која работиме.

Скопје, 7 мај 2021 (МИА) – Огромното мнозинство на земјите-членки на ЕУ поддржува одржување меѓувладини конференции и со Северна Македонија и со Албанија. Јас исто така сметам дека ова е официјална позиција на Европската Комисија. Тоа е и целта на која работиме.

Ова е изјава на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за Еуроњуз, што на твитер ја објави новинарот Џек Паррок.

Во врска со можното сценарио споменато од еврокомесарот за проширување Олвиер Вархеји за одвојување на Албанија и Северна Македонија, Димитров изјави дека нашата држава ги исполни сите услови поставени согласно европските вредности што постојано беше потврдувано и од самата Комисија.

– Како земја што ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација пред 20 години, прва која тоа го направи во регионот, како земја кандидат веќе 16 години, како земја која изминатите години покажа значителен прогрес во реформите и лидерство во решавањето на спорот со името, случајот со Северна Македонија е тест за кредибилитетот на ЕУ во Западен Балкан. Дали ЕУ ќе ги одржи ветувањата?, изјави Димитров, објави на твитер новинарот Паррок. цр/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close