0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Димитров на видео-конференција со Вархеји и колегите од регионот за Самитот ЕУ-ЗБ и справување со Ковид-19

Димитров во своето излагање се заблагодари на досегашната добиена помош од ЕУ насочена кон ургентно справување со здравствените и економски предизвици на земјата. Тој ја истакна и одличната регионална соработка и координација во воспоставувањето на т.н. зелени коридори за непречено движење на примарните производи во регионот.

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска учествуваше на видео-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји заедно со министрите за надворешни работи од земјите од регионот, во функција на подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Самитот во рамки на хрватското претседателство на ЕУ, заради настанатите околности наметнати со пандемијата на Ковид-19 ќе се одржи во форма на видео конференција на 6 мај годинава.

Како што соопшти МНР, на конференцијата се потврди важноста на блиската соработката меѓу ЕУ и регионот во досегашното справување со кризата. Посебно внимание во дискусиите на министрите се посвети  во планирањето на идните механизми и активности со цел ублажување на сериозните економско-социјални последици од пандемијата со Ковид-19.

Димитров во своето излагање се заблагодари на досегашната добиена помош од ЕУ насочена кон ургентно справување со здравствените и економски предизвици на земјата. Тој ја истакна и одличната регионална соработка и координација во воспоставувањето на т.н. зелени коридори за непречено движење на примарните производи во регионот.

–  Кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД 19 е тест за европската солидарност и меѓусебната соработка. Од особена важност е координирано и заедничко планирање на сите натамошни активности и пообемна финансиска подршка од страна ЕУ за економско опорувување и справување со последиците. При тоа исто така важно е што побрзо да се продолжи со европската агенда и динамиката на ЕУ пристапниот процес кој претставува клучна влечна сила за Регионот, рече Димитров на видео-конференцијата.

Од страна на еврокомесарот Вархеји беше реафимирирана подготвеноста за натамошна подршка и беа претставени двата планирани инструменти: Комуникацијата на ЕК за поддршка на ЗБ во справувањето со Ковид-19 и пост-пандемското закрепнување, како и поамбициозниот план што ќе биде претставен наесен во форма на поробусен социо-економски пакет односно т.н. Економски и Инвестициски План за регионот на ЗБ. нд/са/

Таг
Back to top button
Close
Close