0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Димитров на средба со Бенгтсон: Цел ни е европските вредности да ги донесеме дома

Нашата цел е преку пристапниот процес да ги донесеме дома европските вредности, а Шведска е извонреден модел кон кој што треба да се стремиме, изјави денеска заменик претседателот на Владата задолжен  за европски прашања Никола Димитров на  средба со шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрен Бенгтсон.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Нашата цел е преку пристапниот процес да ги донесеме дома европските вредности, а Шведска е извонреден модел кон кој што треба да се стремиме, изјави денеска заменик претседателот на Владата задолжен  за европски прашања Никола Димитров на  средба со шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрен Бенгтсон.

Како што соопшти неговиот Кабинет, Димитров на средбата изрази задоволство што Северна Македонија е повторно на агендата на развојната соработка на Шведска.

– Проширувањето на билатералната соработка со најголемиот билатерален донор од земјите членки на ЕУ е од исклучителна важност од аспект на нашите евроинтегративни активности периодов, рече Димитров.

Амбасадорката Бенгтсон исто така изрази задовлоство од приоритетите во програмата на новата Влада, кои што се на иста линија со приоритетите на Шведска, нагласувајќи ги областите во кои ќе се фокусира помошта за земјава во следниов период, имајќи ги предвид реформските и националните стратешки цели.

– Соговорниците се согласија за круцијалното значење на шведската помош за Северна Македонија, како за остварувањето на реформската агенда, така и заради нивната искрена поддршка во изградбата на административните капацитети и одржливите резултати, се додава во соопштението на Кабинетот на вице-премиерот Димитров. сп/

Back to top button
Close
Close