0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Димитров на онлајн панел со германскиот министер Рот и албанскиот колега Цакај

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, заедно со германскиот државен министер за Европа Михаел Рот и албанскиот колега Гент Цакај, денеска ќе учествува на онлајн панел насловен „Што значи почетокот на пристапните преговори за Албанкија и Северна Македонија“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров, заедно со германскиот државен министер за Европа Михаел Рот и албанскиот колега Гент Цакај, денеска ќе учествува на онлајн панел насловен „Што значи почетокот на пристапните преговори за Албанкија и Северна Македонија“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.

Германија од 1 јули го преземе претседавањето со ЕУ и важи за силен поддржувач на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан. С Македонија и Албанија добија зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ на видео самитот во март, годинава. на кој доминираше пандемијата со коронавирусот и глобалните последици од неа.

Како што соопшти МНР, панелот со почетокот во 17 часот ќе може да се проследи он-лајн на линк: https://zoom.us/j/98804827200?pwd=eTBpUXlUZ0lQSjhzNEZ0NjlnamdQZz09  Password: 005862 или лајв-стриминг на фејсбук страната на Министерството за надворешни работи https://www.facebook.com/MFA.North.Macedonia/. вг/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close