0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Димитров на Канал 5: Кога ВМРО – ДПМНЕ правеше „обнова“ едвај се тргнавме од работ на бездна

Минатиот пат кога ВМРО ДПМНЕ се бавеше со обнова одвај се најдовме на работ на бездна, со таа една површна гордост, која се добива со чукање по гради, ние бевме во ходниците на меѓународните институции, без право на глас па престанаа и да зборуваат за нас едно време, нашите стратешки цели од раните 90 за коишто се надевам дека уште имам политички консензус стана атракција чиста, искрен и мека, во тоа време New York Times правеше мајтап со обидот да се направи една така пограндиозна конструкција во смисла на Скопје 2014, јас мислам дека треба да бидеме горди со тоа кои сме и нашата историја ама и да бидеме горди и со тоа што живата генерација денес може да направи, порача Никола Димитров носител на изборната листа на Коалиицјата Можеме во ИЕ 1 во денешното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.

Скопје, 24 јуни 2020
– Минатиот пат кога ВМРО ДПМНЕ се бавеше со обнова одвај се најдовме на работ на бездна, со таа една површна гордост, која се добива со чукање по гради, ние бевме во ходниците на меѓународните институции, без право на глас па престанаа и да зборуваат за нас едно време, нашите стратешки цели од раните 90 за коишто се надевам дека уште имам политички консензус стана атракција чиста,  искрен и мека, во тоа време New York Times правеше мајтап со обидот да се направи една така пограндиозна конструкција во смисла на Скопје 2014, јас мислам дека треба да бидеме горди со тоа кои сме и нашата историја ама и да бидеме горди и со тоа што живата генерација денес може да направи, порача Никола Димитров носител на изборната листа на Коалиицјата Можеме во ИЕ 1 во денешното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.
Тој рече дека оваа влада овозможила да станеме членка сме на НАТО и да почнуваме преговори со ЕУ, што, потенцира, беше мисловна именка пред три години.
-НАТО членка сме, тоа беше вака како неопипливо и добивме политичка одлука на 26 март потврдена од ЕС за почеток на ЕУ преговори. Има голема разлика каде бевме и каде сме денес, ние сме денес на рамноправна целосна нога со соседна Бугарија во НАТО, ние сме денес НАТО членка и тоа ни дава извесна сигурност, виз а виз што ќе случува, што ќе биде со нас, нашите граници, членот 5 на некој начин ни ја дава таа гаранција, рече Никола Димитров, носител на листата во ИЕ 1 од Коалицијата Можеме.
Центар за коминикации на СДСМ 

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close