0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Димитров: Македонската кауза е моја мисија, македонскиот јазик го вративме во нацрт-преговарачката рамка

Во рамки на собраниската расправа по интерпелацијата на вицепремиерот Никола Димитров, пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Рахела Мизрахи го повтори ставот дека таа е резултат на немањето датум за безусловен почеток на преговорите за членство во Европска Унија што требаше да биде означена со првата македонско европска меѓувладина конференција Според неа, Димитров не само што ја загрозил европската иднина туку и европската перспектива на државата.

Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) – Во рамки на собраниската расправа по интерпелацијата на вицепремиерот Никола Димитров, пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Рахела Мизрахи го повтори ставот дека таа е резултат на немањето датум за безусловен почеток на преговорите за членство во Европска Унија што требаше да биде означена со првата македонско европска меѓувладина конференција. Според неа, Димитров не само што ја загрозил европската иднина туку и европската перспектива на државата.

-Одговорност мора да има. Политичка одговорност е основ и услов за обезбедување иднина на една држава затоа што за господинот Димитров законите не постојат. Еден пример е договорот од Нивици без намера да навлегувам во неговата содржина едно е факт, Димитров потпиша договор без да биде овластен од претседателот на државата што е инаку нормална уставна постапка. Затоа што едно изјавувате друго правите а трето се случува и тоа се случува за целата држава. Господине Димитров вие ја загрозивте не само македонската иднина и европската перспектива. Вие го загрозивте постоењето на македонскиот народ, историја, јазик и држава, рече Мизрахи.

Реплицираше вицепремиерот Димитров кој истакна дека во МНР е од 1 август 1996 година и од тогаш  до 3 февруари 2021 година – негова мисија е македонската кауза, а во однос на заштитата на македонскиот идентитет и јазик посочи дека македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година е вратен лани во нацрт-преговарачката рамка.

-Јас не сум бил член и уште не сум на ниту една политичка партија. Мене македонската кауза ми е животен повик. Ајде сега да видиме таа кауза каде беше претходно, со сите грешки и слепила направени од слепила, дали зла намера не сакам да верувам, каде е денеска… Бевме Поранешна Југословенска Република Македонија во светското семејство и во сите меѓународни владини организации, државјанството ни беше на ФИРОМ… Денес сме Северна Македонија и на Република Северна Македонија, не сме Тунгузија, нашата држава, нашата територија за која немаме спорови е во северниот дел на регионот, поширок регион Македонија, заедно со други држави… Македонскиот јазик си е во нашата лична карта и ја заокруживме државноста и членството во Обединетите Нации, рече Димитров.

Влеговме, дополни, во НАТО! 2014, 2015, 2016 година престанаа да зборуваа за нас по ходниците на НАТО… И бидејќи има обезбедување околу седиштето во Брисел, не можевме ни од прозор да видиме што се случува и како се случува внатре, меѓу другото тешки ни беа цокулите на античките војници за да можеме да ѕирнеме… Тоа нема врска со македонската кауза. А македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година е вратен лани во нацрт-преговарачката рамка и ние како Македонци  кои зборуваат македонски јазик ќе успееме и со европската интеграција бидејќи знаеме како, покажавме, рече Димитров. вг/лв/

Back to top button
Close
Close