0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Димитров: Македонската демократија денес по сите извештаи е неспоредливо послободна од времето на нашите претходници

Никола Димитров, носителот на листа на коалицијата предводена од СДСМ во изборната единица 1, на првиот ден на изборната кампања рече дека за три години државата е исправена на нозе. Не бевме совршени, посочи, но факт е дека направивме големи чекори напред.

Скопје, 24 јуни 2020 

Никола Димитров, носителот на листа на коалицијата предводена од СДСМ во изборната единица 1, на првиот ден на изборната кампања рече дека за три години државата е исправена на нозе. Не бевме совршени, посочи, но факт е дека направивме големи чекори напред.

„Меѓу назад кон слепата улица и напред кон успешна европска демократија мислам дека изборот на граѓаните не е тежок. Поразот на опозицијата ќе биде добра работа не само за државата туку и за самите нив, нужни се длабоки реформи во нивната матрица“, рече Димитров.

Македонската демократија, посочи, денес по сите извештаи е неспоредливо послободна од времето на нашите претходници.

„Од состојба на страв од власта, сега власта го слуша гласот на народот. Се зачленивме во НАТО, удирајќи печат на нашите граници и точка на неизвесноста. Добивме зелено светло од ЕУ. Притоа, го афирмиравме македонскиот идентитет и го потпишавме првиот договор со Грција на македонски јазик. Од минус економијата отиде во плус. Рекордни странски инвестиции, поголеми плати, помалку невработени. Гласачите бараат европска иднина, правда и функционални институции, економски развој, чист воздух, добри училишта и подобро здравство. Бараат повеќе. На овие избори коалицијата Можеме предводена од СДСМ е единствената опција која нуди и надеж и одлучност дека ќе одиме напред во овие области“, рече во својата изјава Димитров.

Како што изјави тој често вели „ќе не биде“, како отпор против малодушноста и тезата дека не можеме.
„Можеме и ќе бидеме победници, а не жртви. Ниту македонскиот народ ниту деловите на другите народи, нашите сограѓани Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други, не се ништо помалку способни и вредни од било кој друг народ. Сите заедно можеме, уште повеќе, уште подобро“, рече Димитров.

СДСМ – Центар за комуникации со јавност

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close