0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Димитров – Кундурос: Преспанскиот договор овозможи зајакнување на соработката, но и сојузништво

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска имаше прва работна средба со новоименуваниот вонредeн и ополномоштен амбасадор на Грција во Северна Македонија, Русос Кундурос.

Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) – Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска имаше прва работна средба со новоименуваниот вонредeн и ополномоштен амбасадор на Грција во Северна Македонија, Русос Кундурос.

Посакувајќи му успех на амбасадорот Кундурос во извршувањето на новата функција, вицепремиерот Димитров изрази уверување дека досегашното професионално искуство на амбасадорот ќе придонесе за продлабочување на билатералните односи и соработката меѓу двете земји, соопшти СЕП.

– Потпишувањето на Преспанскиот договор овозможи зајакнување на меѓусебната соработка, но и сојузништво природно за две соседни земји, што се рефлектира преку поддршката што Грција и’ ја дава на Северна Македонија за нејзината и европската иднина на регионот, посочи Димитров.

Ја нагласи потребата од уште позасилена соработка како во контекст на евроинтеграциите, така и во областите кои ќе бидат од директна полза за граѓаните.

– Нашата соработка продолжува и ќе се продлабочува во наредниот период во рамки на Меморандумот за забрзување на интегративниот процес на Република Северна Македонија во Европската Унија (потпишан во април 2019 година) преку размена на искуство, експертиза и знаење во спроведувањето на европските политики, додаде Димитров.

Димитров и Кундурос се согласија за важноста од продолжување и продлабочување на овој вид соработка меѓу двете земји во конкретните области на трговско право, енергетика и климатска акција преку учество на грчки експерти во националните институции, како и организација на онлајн семинари на теми поврзани со европската интеграција во рамки на инструментот ТАИЕКС.

На средбата стана збор и за можното повторно активирање на Заедничкиот комитет за разгледување на други конкретни области, како и методи на соработка.са/дма/

Back to top button
Close
Close