0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Димитров: Корупцијата ни е заеднички противник, треба да работиме заедно

Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите. Но вистинскиот противник не е таму. Вистинскиот противник е заеднички - корупцијата - и во овој поглед потребно е да работиме заедно и обединето.

Скопје, 6 јули 2020 (МИА) – Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите. Но вистинскиот противник не е таму. Вистинскиот противник е заеднички – корупцијата – и во овој поглед потребно е да работиме заедно и обединето.

Ова го истакна денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров на онлајн Конференцијата на ОБСЕ на високо ниво посветена на „Доброто владеење и борбата против корупцијата во дигиталната ера”, што се одржува денеска и утре во организација на албанското претседавање со Постојаниот совет на Организацијата.

Како што соопшти МНР, во присуство на министри и други високи претставници на земјите членки на ОБСЕ, Димитров ја реафирмираше определбата на Владата за борбата против корупцијата, како клучна за враќањето на довербата на јавноста во правната држава и демократијата.

Тој притоа, истакнувајќи ги постигнувањата во изминатиот период, посебен акцент стави на воспоставување на порталот „Отворени финансии“ кој овозможува увид во преку 17 милијарди финансиски трансакции на буџетските корисници на централно и локално ниво, укажувајќи на одличен пример како дигиталната технологија може да придонесе кон зголемување на транспарентноста, интегритетот и доброто владеење.

Дводневната Конференција која, како што се посочува, е посветена на оваа многу значајна тема за сите земји учеснички во ОБСЕ, ја отворија актуелниот претседавач, премиерот и министер за надворешни работи на Албанија, Еди Рама, генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер и албанската министерка за правда Етилда Ѓонај.

Димитров се обрати на панелот на високо ниво, на кој говореа и извршниот директор на Канцеларијата на ОБСЕ за дроги и криминал (УНОДЦ), Гада Фати Валу, шефот на британската дипломатија Доминик Раб, како и други министри за надворешни и за правда. вг/сп/ 

Back to top button
Close
Close