0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Димитров: Европските лидери ја потврдија одлуката за отворање на преговорите

Задоволни сме поради потврдата на одлуката за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, со што е остварен еден од приоритетите на хрватското претседателство. Тоа покажува дека ЕУ останува насочена кон своите приоритети и во тешки околности, напиша хрватскиот премиер Пленковиќ на Твитер.

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил напиша дека европските лидери вчера вечер ја потврдија одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија.

– Задоволни сме поради потврдата на одлуката за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, со што е остварен еден од приоритетите на хрватското претседателство. Тоа покажува дека ЕУ останува насочена кон своите приоритети и во тешки околности, напиша хрватскиот премиер Пленковиќ на Твитер.

– Членовите на Советот на ЕУ ги усвоија заклучоците на Советот да се отворат преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова отвора нова страница на патот на Северна Македонија и Албанија и претставува историска одлука, за нив, за ЕУ и за хрватското претседателство, бидејќи една од нашите главни цели е постигната, се наведува на Твитер профилот на хрватското претседателство со ЕУ.

Шефовите на држави и влади на Европската Унија вчера ја потврдија одлуката донесена во вторникот за отпочнување на преговорите за членство во Северна Македонија и Албанија.

Лидерите на ЕУ вчерашниот состанок го одржаа преку видео конференциска врска поради заканата од ширењето на коронавирусот, што беше и главна тема на состанокот. нд/са/

Таг
Back to top button
Close
Close