0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Димитров: Една од основните мисии на надворешната политика е да создава пријателства

Министерот за надворешни работи и носител на листата во ИЕ 1 на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Никола Димитров, попладнево на својот фејсбук профил се заблагодари за поддршката што му ја упати германскиот колега, државниот министер за Европа, Михаил Рот.

Скопје, 5 јули 2020 (МИА) –  Министерот за надворешни работи и носител на листата во ИЕ 1 на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Никола Димитров, попладнево на својот фејсбук профил се заблагодари за поддршката што му ја упати германскиот колега, државниот министер за Европа, Михаил Рот.

-Една од основните мисии на надворешната политика е да создава пријателства. Колку повеќе пријатели имаме, толку сме поуспешни и посилни, толку побрзо одиме кон целта. Михаил Рот, државен министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија Германија, ми е колега.
Уште поважно – Михаил ми е пријател. Благодарам драг пријателе на силната поддршка, напиша Димитров.

Рот претходно, во видео обраќање, рече дека Димитров не е само успешен, туку е и мошне искусен министер за надворешни работи.

-Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија, истакна Рот, повикувајќи граѓаните да гласаат за „светлата иднина на Република Северна Македонија“. мч/мд/ 

Back to top button
Close
Close