0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталПолитика

Димитров: Ако одиме по патот на пријателството, заедничката историја ќе ни се насмевнува, а заедничката европска иднина ќе не’ пречека

Да најдеме разбирање за минатото, да работиме на иднината и да се прифатиме какви сме и кои сме во сегашноста. Градењето вистинско пријателство е макотрпен, но исклучително благороден процес. Ако одиме по тој пат, заедничката историја ќе ни се насмевнува, а заедничката европска иднина ќе не’ пречека.

Скопје, 1 август 2020 (МИА) – Да најдеме разбирање за минатото, да работиме на иднината и да се прифатиме какви сме и кои сме во сегашноста. Градењето вистинско пријателство е макотрпен, но исклучително благороден процес. Ако одиме по тој пат, заедничката историја ќе ни се насмевнува, а заедничката европска иднина ќе не’ пречека.

Ова на својот Фејсбук профил го напиша шефот на дипломатијата Никола Димитров, по повод тригодишнината од потпишувањето на Договорот за за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.

-„Пријател е оној кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и те прифаќа баш таков каков што си”, непознат автор. Токму оваа мудрост, применета и од македонска и од бугарска страна, со трпение и зрелост, ќе не’ носи напред, напиша Димитров.

Денеска се навршуваат три години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот премиер Зоран Заев и претседателот на Владата на Бугарија, Бојко Борисов. нд/рп/

Back to top button
Close
Close