Дописници МКДОпштински вести

Димитриевски: Се разгледуваат опции каде ќе се спроведува масовната вакцинација во Куманово

Претставници на Општина Куманово и Министерството за здравство разговарале за просторот каде би можело да се спроведува масовната вакцинација на граѓаните, информираше денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Во опција се неколку училишни спортски сали со обезбеден паркинг простор, но, Општината го очекува официјалниот допис од Министерството за здравство.

Куманово, 22 април 2021 (МИА) – Претставници на Општина Куманово и Министерството за здравство разговарале за просторот каде би можело да се спроведува масовната вакцинација на граѓаните, информираше денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Во опција се неколку училишни спортски сали со обезбеден паркинг простор, но, Општината го очекува официјалниот допис од Министерството за здравство.

– Во моментов имаме контакти со ресорното Министерство за здравство на ниво на претставници на општината и Министерството, претставници од здравствените организации во Куманово, со цел да се организира систем на вакцинирање, но сè уште немаме официјален допис за да можеме да продолжиме. Ние сме институции и работиме врз база на пишани акти и покрај пандемијата мора да ги почитуваме правилата. Верувам дека ресорното Министерство, кое е одговорно за спроведување на вакцинацијата, ќе изнајде сили час поскоро да биде отворен пунктот, да се обезбедат вакцините, да се даде листа на приоритети и граѓаните масовно да се вакцинираат, засега, за жал каскаме во тој процес, изјави Димитриевски.

Тој смета дека епидемиолошката состојба во Куманово е сериозна и овој пат потсети на неговото барање дека уште лани Куманово требало да има карантин како Дебар и сега да има мал број заразени.

Градоначалникот апелираше до кумановци да ги почитуваат препораките, мерките, укажувајќи дека болницата е полна со пациенти.

Според последните, вчерашни податоци на Министерството за здравство во Куманово има 1.200 активни случаи. ам/сст/

Back to top button
Close
Close