Дописници МКДОпштински вести

Димитриевски: Последнава недела регистрирани 46 заболени од Ковид-19 во Куманово, граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска на прес-конференција информираше дека последнава недела регистрирани се 46 новозаболени од Ковид-19 во градот и апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките.

Куманово, 3 август 2021 (МИА) – Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска на прес-конференција информираше дека последнава недела регистрирани се 46 новозаболени од Ковид-19 во градот и апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

– Особено при поголеми собирања, сè уште е присутен вирусот, не е искоренет и со непочитување на мерките даваме поголема можност епидемијата да се шири. Куманово се соочуваше со многу потешки состојби по однос на ковид кризата и сметам дека можеме оваа бројка од 46 да се обидеме да ја намалиме, доколку самите ние како граѓани бидеме доволно дисциплинирани, изјави Димитриевски.

Според денеска објавените податоци на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, во Куманово се регистрирани четири нови случаи, а оздравени се три лица. ам/рп/

Back to top button
Close
Close