Дописници МКДОпштински вестиПолитички партии

Димитриевски бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ и отплата на долгот од еден денар

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на денешната прес-конференција побара извинување од ВМРО - ДПМНЕ и повика да му го вратат долгот од еден денар. На овој начин тој очекува опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ да покаже колку се почитуваат судските одлуки, а според него домаќинско однесување е да извинат оние кои навредуваат.

Куманово, 22 април 2021 (МИА) – Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на денешната прес-конференција побара извинување од ВМРО – ДПМНЕ и повика да му го вратат долгот од еден денар. На овој начин тој очекува опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ да покаже колку се почитуваат судските одлуки, а според него домаќинско однесување е да извинат оние кои навредуваат.

– Ако после оваа прес – конференција нема извинување од страна на ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседател на општинскиот комитет за последните обвинуваања ќе мора да се видиме повторно на суд за да се утврди вистината, рече Димитриевски.

Кумановскиот градоначланик рече дека никогаш не молчел, ниту ќе молчи и нагласи дека нема да дозволи манипулации со градот. Според него, Куманово по долго време е деблокирана општина која работи на развој и решавање на комуналните проблеми, и е дел од проектот за затворање на депонијата Краста и нејзино формирање како претоварна станица, добиени се возила, а градот ќе го складира отпадот на регионална депонија.

Во однос на гасификацијата Димитриевски рече дека Куманово е една од двете општини од државата која има гас и ги обвини ВМРО – ДПМНЕ дека ништо не направиле по ова прашање. Покрај, постоечките гасифицирани објекти, изградената мрежа од 20 километри, Димитриевски најави гасификација на театарот, центарот за култура, зградата на СВР Куманово, а рече дека е завршен проектот и за болницата и дека е изработен план за гасификација на 70 километри.

-Ниту вие од ВМРО ДПМНЕ, ниту кој било друг, особено оние кои не посакуваат градот да напредува, расте и да се развива нема да нè поколебате да продолжиме на патот кој го трасиравме, да работиме посветено, транспарентно и одговорно со граѓанските средства во рамки на сопствените можности да го градиме и развиваме Куманово во урбано место на живеење со европски лик, рече Димитриевски.

Во соработка со Министерството за транспорт и врски се работи на нов ГУП и се надева дека во иднина ќе се отворат финансиски фондови кои ќе се користат за имплементација на нови проекти.

-Во последниве два месеци обновена е инфраструктура од осум километри во селските средини, рече Димитриевски. ам/ев/

 

Back to top button
Close
Close