БизнисБизнис.ПорталЕкономијаОригинални текстови

Димитриеска Кочоска: Алатките за транспареност добредојдени, но податоците да се презентираат објективно и точно

Алатките за транспарентност се секогаш добредојдени но податоците треба да се презентираат секогаш објективно и точно, бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат дека јавниот долг во Македонија расте, а не се стабилизира како што изјави министерката Нина Ангеловска на денешната презентација на јавниот долг.

Скопје, 20 февруари 2020

Алатките за транспарентност се секогаш добредојдени но податоците треба да се презентираат секогаш објективно и точно, бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат дека јавниот долг во Македонија расте, а не се стабилизира како што изјави министерката Нина Ангеловска на денешната презентација на јавниот долг.

Еве да погледнеме што говорат фактите. Какво е тоа стабилизирање на јавниот долг кога во 2017 година бил 48.7% од БДП или 4.78 милијарди евра, потоа во 2018-та година изнесува 48.6% од БДП или 5.2 милијарди евра, а 2019-та година е 48.9% од БДП или 5.54 милијарди евра?

Факт е дека јавниот долг расте секоја година, а оваа Влада не знае како да го стабилизира, а камоли да го намали. Само за 3 години јавниот долг пораснал за цели 780 милиони евра.

Македонија е на последното место во Западен Балкан по економски раст, државата достигнува рекорди во задолженост, а ги нема капиталните инвестиции и се поставува прашањето каде и за што одат, сите овие пари на граѓаните?

П.С.

Се надевам дека транспарентната министерка Нина Ангеловска, ќе се ангажира конечно да се вклучи бројчаникот на Порта Македонија, за да може да го регистрира следното задолжување на државата, кое е предвидено за 25.02.2020 година.

Дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close