Политички партии

Димче Арсовски: Владата одлучува против ДИК во Министерството за труд и социјала

Владата на Зоран Заев и Оливер Спасовски продолжува да го силува работењето на техничката Влада која има една и единствена намена, спроведување на миниум услови за фер и демократски избори.

Скопје, 19 февруари 2020

Владата на Зоран Заев и Оливер Спасовски продолжува да го силува работењето на техничката Влада која има една и единствена намена, спроведување на миниум услови за фер и демократски избори.

Стравот кај Зоран Заев, Оливер Спасовски и Мила Царовска е очигледен гледајќи ги постапките и хаосот кој што го креираат.

Оливер Спасовски и Мила Царовска непосредно пред да ја разрешат од небулозни причини министерката Рашела Мизрахи, креираа хаос во министерството за труд и социјала.

Имено, на 14.02 во петокот министерката потпиша формални решенија и овластувања за одредени лица во рамките на кабинетот и министерството за основни потреби за функционирањето на министерството за труд и социјала.

Водејќи се од непринципиелноста на СДСМ која што ја гледаме изминатиов период и правните начела кои што ги почитуваме како политичка партија, веднаш по ваквите потпишувања од страна на министерката Мизрахи, истите решенија и овластувања ги пративме до ДИК да се произнесат дали овие решенија и акти кои што се потпишани од министерката се од интерес на организација на изборите и се потребни врзан потпис од страна на заменик министер и техничкиот министер или не се потребни.

ДИК согласно закон во рок од 24 часа должна е да одговори, донесе едногласни одлуки дека овие акти кои што ги потпишала министерката Мизрахи не се предмет од интерес за организација на изборите и за истите се произнесе дека не е потребен потпис од заменик министер на СДСМ, што значи дека треба да се почитува само едниот потпис кој што го ставила на актите министерката Мизрахи.

Знаејќи го сето ова, СДСМ на седница на Влада, која беше свикана еден ден потоа откако се произнесе со одлука на ДИК, на 15.02 во саботата, Оливер Спасовски и Мила Царовска ги поништија сите овие прераспределувања и овластувања и со тоа извршија противзаконско дело. Не почитувајќи ја одлуката на ДИК.

Очигледни се тенденциите и стравот на СДСМ, каде што наместо да обезбедат миниум услови за фер избори во техничката влада, не обезбедуваат ниту минимум услови за работа на оваа техничка Влада.

СДСМ свесно оди против одлуките на ДИК и се става над сите во државата. Затоа и сме прогласени за хибриден режим.

Еден ден за сето ова сите инволвирани ќе одговараат.

Изјава за медиуми на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close