Политички партии

Димче Арсовски: СДСМ на изборите оди со стари и истрошени кадри

Има ли поголеми истрошени и поочајни кадри од Зоран Заев и Радмила Шекеринска кои се синоним за најголеми историски изборни порази кои им ги нанеле на СДСМ како политичка партија.

Скопје, 9 март 2020

Има ли поголеми истрошени и поочајни кадри од Зоран Заев и Радмила Шекеринска кои се синоним за најголеми историски изборни порази кои им ги нанеле на СДСМ како политичка партија.

Зоран Заев во 2014-та година како Претседател на партија, а Радмила Шекеринска како заменик и во 2008-та година Радмила Шекеринска како Претседател, а Зоран Заев исто како потпретседател ги нанижаа најголемите историски изборни порази на СДСМ.

Овој двоец Заев – Шекеринска покрај синонимот за најголеми порази во СДСМ е синоним и за криминал и корупција.

Зоран Заев бега од ТВ соочување со лидерот Мицкоски, а бега и од одговор на прашањето кое ги интересира граѓаните: Дали сега кога ќе изгуби на изборите ќе си даде оставка и ќе си замине конечно од политичката сцена?

Дали Зоран Заев после поразот за кои ќе бидат директно заслужни лично тој и Радмила Шекеринска ќе си даде оставка и ќе ги ослободи и граѓаните и партијата и државата од неговото заложништво?

Зоран Заев се плаши и е исплашен со право, бидејќи знае дека ќе изгуби на претстојните избори на 12-ти април. Кукавичкиот однос каде што не одговара на вакви прашања коишто ја интересираат јавноста и граѓаните и неговите членови од партијата коишто сакаат да си замине, е веќе одамна познат.

Одбивноста да сноси одговорност е затоа што е свесен дека после 12-ти април ќе мора да одговара за сите криминални и коруптивни афери.

СДСМ очигледно не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри.

Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои убедливо ќе бидат поразени сега на претстојните избори на 12-ти април.

Гласот за Заев, гласот за Радмила Шекеринска е глас за криминалот и затоа Зоран Заев сега кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката и да одговара за се што направил.

Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close