0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Диего Коста се врати во тимот на Атлетико за дуелот со Ливерпул

Атлетико Мадрид го објави списокот на фудбалери за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул.

Мадрид, 18 февруари 2020 (МИА) – Атлетико Мадрид го објави списокот на фудбалери за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул.

Надвор од тимот се играчите од средниот ред, Жоао Феликс и Хектор Херера, како и дефанзивецот Киран Трипиер. Напаѓачот Диего Коста, кој не играше од ноември, се враќа во комбинација за настап.

Натпреварот Атлетико – Ливерпул ќе се одигра вечер на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид со почеток во 21 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close