0_Спорт.ПорталФудбал

Диего Коста може да го пропушти почетокот на сезоната поради повреда

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста може да го пропушти почетокот на сезоната.

Мадрид, 11 август 2019 (МИА) – Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста може да го пропушти почетокот на сезоната.

Според шпански „АС“ напаѓачот се повредил во претсезонскиот натпревар со Јувентус (2:1). Триесетгодишниот играч мора да помине дополнителен преглед за да го одреди времетраењето на отсуството.

Првиот натпревар од шампионатот на Шпанија со Хетафе, Коста би го пропуштил во секој случај, бидејќи тој продолжува да ја издржува суспензијата од осум меча, од која му остана само уште еден натпревар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close