0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Диего Коста кариерата ќе ја продолжи во Бешикташ

Напаѓачот Диего Коста ќе се приклучи на Бешикташ. Според шпански „АС“, постигнат е договор меѓу турскиот клуб и фудбалерот.

Мадрид, 18 јуни 2021 (МИА) – Напаѓачот Диего Коста ќе се приклучи на Бешикташ. Според шпански „АС“, постигнат е договор меѓу турскиот клуб и фудбалерот.

Претходно беше објавено за интересот за играчот од страна на Палмеирас, Бока јуниорс, Сао Паоло, како и клубови од Англија и од Саудиска Арабија.

Триесет и двегодишниот Шпанец го раскина договорот со Атлетико Мадрид во јануари и сè уште е слободен играч. Тој игра за клубот од Мадрид од 2018 година.

Во сезоната 2020/21, Коста одигра седум натпревари и постигна два гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close