СветСвет.Портал

Диаб: Либан може да ја загуби контролата врз епидемијата

Либанскиот премиер Хасан Диаб денеска изјави дека земјата може да ја загуби контролата врз епидемијата на коронавирусот, по зголемувањето на бројот на новозаразени после експлозијата во пристаништето во Бејрут на 4 август, во која загинаа околу 180 луѓе и близу 6.000 беа повредени.

Бејрут, 26 август 2020 (МИА) – Либанскиот премиер Хасан Диаб денеска изјави дека земјата може да ја загуби контролата врз епидемијата на коронавирусот, по зголемувањето на бројот на новозаразени после експлозијата во пристаништето во Бејрут на 4 август, во која загинаа околу 180 луѓе и близу 6.000 беа повредени.

Либан во последните 24 часа пријави 525 нови случаи на Ковид-19 и 12 смртни случаи.

Локалните лекари информираат дека бројот на случаи на коронавирусот се удвоил две недели по експлозијата, бидејќи заразата се шири во болниците каде што се лекуваат повредените во експлозијата.

Владата минатиот петок воведе делумен карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close