0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ди Марија: Победата во Лигата на шампионите е единствена и не се споредува со триумф на било кој друг голем турнир

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Анхел Ди Марија се потсети на успесите што ги имаше додека настапуваше во Реал.

Париз, 17 април 2020 (МИА) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Анхел Ди Марија се потсети на успесите што ги имаше додека настапуваше во Реал.

Аргентинецот играше за мадридскиот клуб од 2010 до 2014 година и стана победник во Лигата на шампионите.

– Реал е важна фаза во мојата кариерата. Трансферот од Бенфика беше огромен чекор напред. Многумина го критикуваа моето купување, затоа што непосредно пред тоа, слабо играв на СП 2010 година. Клубот издвои многу пари за мене, но мојата игра не ја оправда таквата цена. Жозе Мурињо веруваше во мене и постепено почнав да покажувам дека сум достоен да играм за Реал Мадрид. Во минатата сезона имав можност да ја освојам Лигата на шампионите. Победата во Лигата на шампионите е единствена и не се споредува со победа на кој било друг голем турнир. Немав среќа да го освојам Мундијалот, иако бев близу. Но, ЛШ е нешто посебно. Неверојатно е тешко да се победи. Играв за врвни клубови и, играјќи во него сезона по сезона, сфатив колку е тешко да се направи тоа, изјави Ди Марија.

Од Реал, Ди Марија замина во Манчестер јунајтед каде остана само една сезона (2014/15) по што дојде во ПСЖ. Има играно уште за Бенфика и Росарио. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close