0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Ди Марија не ги вклучи Ибрахимовиќ, Нејмар и Мбапе во симболичниот тим на ПСЖ

Напаѓачот на ПСЖ, Анхел Ди Марија го состави симболичниот тим на парижаните по повод 50-годишнината од постоењето на клубот.

Париз, 30 декември 2020 (МИА) – Напаѓачот на ПСЖ, Анхел Ди Марија го состави симболичниот тим на парижаните по повод 50-годишнината од постоењето на клубот.

Аргентинецот учествуваше во снимањето на спотот за клупската ТВ.

Во тимот на Ди Марија се најдоа: Сиригу, Дани Алвеш, Покетино, Давид Луиз, Максвел, Тијаго Мота, Нене, Ди Марија, Роналдињо, Бјанки и Паулета. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close