Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Ди Мајо најверојатно ќе се повлече од лидерската функција во Пет Ѕвезди

Луиџи ди Мајо денеска ќе соопшти дека се повлекува од лидерската функција на движењето Пет ѕвезди, најголемата партија во коалициската Влада во Италија, изјави партиски неименуван извор

Рим, 22 јануари 2020 (МИА) – Луиџи ди Мајо денеска ќе соопшти дека се повлекува од лидерската функција на движењето Пет ѕвезди, најголемата партија во коалициската Влада во Италија, изјави партиски неименуван извор.

Според наводите Ди Мајо, кој е и министер за надворешни работи денеска ќе се сретне со министрите од Движењето, а оставка ќе поднесе по состанокот.

Ди Мајо и неговиот портпарол одбија да коментираат. Додека италијанскиот премиер Џузепе Конте истакна дека ќе ја почитува секоја одлука на Мајо.

Иако не се очекува оставката на Ди Мајо да доведе до пад на Владата, тоа укажува на големи поделби во движењето Пет ѕвезди. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close