0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderГраѓански сектор

Дијалог за „Ветинг – наметната или изводлива опција“

Во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска ќе се одржи дијалог за политики „Ветинг – наметната или изводлива опција за Република Северна Македонија“.

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска ќе се одржи дијалог за политики „Ветинг – наметната или изводлива опција за Република Северна Македонија“. На форумот се поканети претставници од правосудниот систем, од Министерство за правда, Здружението на судии, од политички партии, претставници од граѓански организации кои работат во областа на правосудството како и од дипломатските мисии во Република Северна Македонија.

Целта на овој дијалог е да обезбеди детална дискусија за природата и последиците од процесот на ветинг, со оглед на европските стандарди за правосудство и искуствата во регионот и да придонесе за проценка на потребата од проверка на македонското правосудство во светло на европските стандарди и научените лекции.

Дијалогот се спроведува во рамки на проектот „Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните“, кој го спроведуваат Институтот за европска политика и Асоцијацијата ЗЕНИТ, а е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија.

Проектот има цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Крајни корисници на овој проект се институциите во областа на правосудството. вг/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close