Дописници МКДОпштински вести

Дезинфекции на јавните објекти и улиците во селските средини во Делчево и Берово

Продолжи акцијата за дезинфекција на јавните објекти во Делчево. Акцијата ја реализираат екипи на Територијалната противпожарна единица Делчево, а целта е превенција од појавата на заразата од Ковид 19.

Делчево, 6 април 2020 (МИА) – Продолжи акцијата за дезинфекција на јавните објекти во Делчево. Акцијата ја реализираат екипи на Територијалната противпожарна единица Делчево, а целта е превенција од појавата на заразата од Ковид 19.

– Со акцијата денеска беа опфатени маркетите, аптеките, банките, продавниците и други објекти каде вообичаено има поголема фреквенција на луѓе. Акцијата за дезинфекција на јавните објкети и површини се одвива во континуитет и во неа, освен екипи на ТППЕ, се вкучени и екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница”, од каде за реализација на мерките за превенција од појава и ширење на заразата од коронавирусот е набавен 1 тон хлор, информираат од општината.

Дезинфекција на улиците во населените места денеска се вршеше во Општина Берово.

– Во рамки на активностите за превенција од Ковид 19, денеска, екипи на ТППЕ Берово извршија дезинфекција на улиците во село Мачево. Со активности за заштита и превенција, ќе продолжиме и во периодот што следи, информираа надлежните.
Надлежните од двете општини упатија апел и понатаму, доследно да се следат мерките и препораките, да се остане дома со што нема да се дозволи коронавирусот да земе големи размери во двете општини. вс/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close