0_Магазин.ПорталСцена

Девојка го изневерила својот 74-годишен сопруг со 60-годишен маж

Сите се учесници во реално шоу. Наводно, таа била забележана гола в кревет со најмалку уште еден повозрасен човек. А, во една прилика, изјавила дека сака повозрасни мажи и дека „оние кои немаат седа коса, немаат ни шанси кај неа“.

Лондон, 6 ноември 2019 (МИА) – Миљана Божиќ, жена во своите рани 20-ти, го изневерила својот 74-годишен сопруг со друг, 60-годишен маж.

Аферата се случила во српското реално шоу „Парови“. Имено, како што пренесуваат и светските медиуми, Миљана е снимена како го бакнува пензионерот Немања Стаматовиќ, додека му седи в скут, иако пред два месеца се омажила за Милојко Божиќ, кој е 53 години постар од неа.

Сите се учесници во реално шоу. Наводно, таа била забележана гола в кревет со најмалку уште еден повозрасен човек. А, во една прилика, изјавила дека сака повозрасни мажи и дека „оние кои немаат седа коса, немаат ни шанси кај неа“.

И покрај тоа, кога Милојко бил исфрлен од реалното шоу, таа призна  дека наводно имала орален секс со 35-годишен маж, пренесува „Дејли мејл“. си/

Таг
Back to top button
Close
Close