Дописници МКДОпштински вести

Девет новозаболени лица од КОВИД-19 во Кумановско

Центарот за јавно здравје - Куманово во последните 24 часа регистрира девет новозаболени лица од КОВИД-19, сите од Куманово и околните села, информираа денеска надлежните од установата.

Куманово, 23 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје – Куманово во последните 24 часа регистрира девет новозаболени лица од КОВИД-19, сите од Куманово и околните села, информираа денеска надлежните од установата.
-Сите новозаболени се од веќе познати кластери и имале контакти со член на семејство кој бил заразен. Во Липково по подолг временски период немаме новозаразено лице, изјави директорот на установата, д-р Ариф Љатифи.
Денеска се извршени 70 тестирања, поголем дел се контролни тестови, а помал дел се извршени според епидемиолошки индикации и по „Мој Термин“.
Според податоците на Министерството за здравство, од почетокот на епидемијата, на подрачјето на Центарот за јавно здравје – Куманово со КОВИД-19 дијагностицирани се 703 лица, од нив активни се 250 лица. ам/мд/

Back to top button
Close
Close