Општински вестиСкопје

Детското игралиште на „Млечен“ доби нов лик

Поставени се нови реквизити и гумирана подлога на детското игралиште во урбаната заедница „Владо Тасевски“ кај „Млечен“. 

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Поставени се нови реквизити и гумирана подлога на детското игралиште во урбаната заедница „Владо Тасевски“ кај „Млечен“.

Од прес-службата на Општина Карпош информираат дека после подолго време оваа зона доби целосно нов лик, а со новата подлога се подобри и безбедноста за најмладите. Поставена е и чешма, за освежување во летниот период.

Градоначалникот Стефан Богоев денеска беше во обиколка на овој дел од Карпош, при што ги посочи и другите активности кои се реализираа на Млечен.

– На овој потег, изминатиов период се санираа и клупите за седење, а беа засадени и нови украсни растенија. Неодамна, на сличен начин, го реконструиравме и детското игралиште во Карпош 3 (кај фонтана), а тековно ги санираме и другите постоечки игралишта, рече Богоев.

Тој ги повика граѓаните на одговорно и совесно користење на детските игралишта. Овие рекреативни зони се прават со буџетски средства на Карпош – пари на граѓаните и затоа одговорноста, како што рече, треба да биде на уште повисоко ниво.

– Локалната самоуправа опстојува на определбата да обезбеди населби кои одговараат на потребите на сите граѓани, да имаме простор за рекреација, спорт и маалска дружба. Со хуманизацијата, планското уредување на јавниот простор сакаме уште повеќе да го подигнеме квалитетот на живот во нашиот Карпош, посочуваат од општината. фф/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close