Општински вестиСкопје

Детскиот културен центар Карпош организира манифестација „Движи се за здравје“

Детскиот културен центар „Карпош“ во соработка со Град Скопје организира манифестација „Движи се за здравје“, како дел од Европската недела на движењето, која се одржува од 16 до 22 септември.

Скопје, 16 септември 2020 (МИА) – Детскиот културен центар „Карпош“ во соработка со Град Скопје организира манифестација „Движи се за здравје“, како дел од Европската недела на движењето, која се одржува од 16 до 22 септември.

Манифестацијата „Движи се за здравје“, ќе може да се следи онлајн на Фејсбук страницата и „Јутјуб“ каналот на центарот, денеска од 10.00 до 12.00 часот.

Од ДКЦ Карпош нагласуваат дела целта на оваа манифестација е потсетување дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен развој и раст кај децата, како и подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст, но и воедно децата учат да стекнат навика да го практикуваат спортот. ир/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close