Дописници МКДОпштински вести

Детски џагор ја исполни градинката во Дебар

Во двата објекта на градинката „Брешиа“ во Дебар, и истурената паралелка во долореланското село Скудриње, по повеќе од шест месеци, поради пандемијата со Ковид-19, денеска повторно се слушна детскиот џагор.

Дебар, 9 септември 2020 (МИА) – Во двата објекта на градинката „Брешиа“ во Дебар, и истурената паралелка во долореланското село Скудриње, по повеќе од шест месеци, поради пандемијата со Ковид-19, денеска повторно се слушна детскиот џагор.

Децата прдружувани од нивните родители пред убаво украсените врати на градинката ги пречекуваа со насмевка определените лица за тоа и според утврдените протоколи беа прифаќани од нивните воспитувачки.

-Не можам да ја искажам нашата огромна радост што објектите кои изминатите месеци зјапаа празни сега повотрно наликуваат на она за што се наменети. Радоста е присутна и кај дечињата кои се сретенаа со нивните другарчиња. Детските гласови, нивната смеа ја исполнија градинката, која со нетрпение ги очекуваше, со нескриена радост и задоволство изјави за МИА, Ајрије Дачи, директорка на оваа единствена установа од ваков вид.

Додава дека се почитуваат сите протоколи а групите имаат од шест деца на возраст до две години, до максимум 15 деца од три до шест годишна возраст.

-Иако и претходно еднаш месечно се вршеше дезинекција на просоторите и дворните места на објектите, ваква активност е реализирана и пред почетокот со работа на градинката а со мерките и нивните обврски, навремено беа запознати воспитувачките, негувателките и персоналот задолжен за хигиена, додава Дачи.

Запишани се 248 деца, од нив осум се во групата во селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше која функционира во рамки на дебарската градинка.

На спроведениот скриниг сите 69 вработени беа негативни на Ковид-19, а во периодот додека истата беше затворена родителите на над 330 деца колку што претходно беа згрижени, беа ослободени од плаќање месечен надоместок. вт/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close