0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

Детектор анкета: Над 40 отсто од граѓаните имаат земено кредит, 45 отсто не можат да го поминат месецот без да се задолжат

Над 40 отсто од граѓаните имаат земено кредит, додека 56,9 отсто не им должат на банките. 45,3 отсто од анкетираните велат дека не можат да го поминат месецот без да се задолжат, додека 51,7 отсто живеат без задолжувања. Ова го покажува најновата анкета која по нарачка на „Детектор“ ја подготви Институтот за политички истражувања - Скопје.

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Над 40 отсто од граѓаните имаат земено кредит, додека 56,9 отсто не им должат на банките. 45,3 отсто од анкетираните велат дека не можат да го поминат месецот без да се задолжат, додека 51,7 отсто живеат без задолжувања. Ова го покажува најновата анкета која по нарачка на „Детектор“ ја подготви Институтот за политички истражувања – Скопје.

Според анкетата, најголем дел од граѓаните кои имаат земено кредит или 56,8 отсто користат потрошувачки кредити, 25,2 отсто се корисници на станбени, 9,1 отсто на автомобилски кредити, а седум отсто ги користат услугите на т.н. „брз кеш“ кредити.

Една третина од граѓаните или 33,5 отсто велат дека најголема веројатност има следниот кредит кој ќе
го земат да биде станбен. 23,9 отсто мислат дека тоа би бил потрошувачки кредит, додека 8,9 отсто се за
автомобилски. Само 1,8 отсто од граѓаните велат дека најголема е веројатноста следното
задолжување да биде преку т.н. „брз кеш“ кредит.

Според граѓаните, односно 52,3 отсто од анкетираните сметаат дека во нашата држава лесно се зема кредит, додека 22,2 отсто го тврдат спротивното. Вкупно 42 отсто од граѓаните велат дека денеска условите за земање кредит се полесни отколку во минатото, 18,7 отсто велат дека условите се исти, а 15,3 отсто сегашните услови ги сметаат за потешки од оние во минатото.

Одлучувачко при земањето кредит, според граѓаните, се каматните стапки. Близу две третини од
анкетираните или 63,8 отсто велат дека кога прават избор од каде ќе го земат кредитот се водат
според висината на каматните стапки, додека 11,9 отсто изборот го прават според тоа каде полесно
кредитот ќе им биде одобрен.

Од анкетираните, 40,8 отсто сметаат дека државата не креира поволни услови за младите да можат да
подигнуваат станбени кредити, додека 35,7 отсто сметаат дека младите имаат поволни услови.
46 отсто сметаат дека порано младите биле поподготвени за да подигнат станбен кредит и да се
одделат од родителите, додека 35,2 отсто се на став дека младите денеска се поподготвени за да
влезат во станбен кредит.

Граѓаните се поделени околу ставот за тоа дали државата дава поволни услови за кредитирање на
бизниси отворени од млади лица. 36,7 отсто се на став дека има поволни услови, додека 37,6 отсто дека
нема.

Во анкетата најголем дел од граѓаните рекле дека немаат доволно пари за да си ги задоволат месечните
потреби. Анкетата на емисијата „Детектор“ покажува дека 59,3 отсто од граѓаните не можат да си ги задоволат месечните потреби со платата која ја земаат, додека 32,9 отсто велат дека го немаат тој проблем.

Интересно е што покрај граѓаните кои имаат најниски примања, најголем процент на граѓани кои
не можат да си ги задоволат месечните потреби со платата се оние кои земаат над 60.000 денари
месечно. Па така, 70,2 отсто од оние кои имаат месечен приход под 20.000 денари не можат да си ги задоволат месечните потреби со платата. Дека не можат да ги задоволат своите месечни потреби тврдат и 63,4 отсто од оние кои земаат плата над 60.000 денари, за разлика од 49,6 отсто од оние чии приходи се
меѓу 40.000 и 60.000 денари и 53,2 отсто од оние кои месечно имаат приход меѓу 20.000 – 40.000
денари.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на емисијата „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје преку телефонска анкета во периодот од 28 до 31 јануари оваа година врз репрезентативен примерок од 1.083 испитаници со маргина на грешка од плус-минус три проценти. мд/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close