0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Деспотовски во посета на компанијата „Нетам“

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Десспотовски денеска ќе престојува во работна посета на компанијата „Нетам“ во село Марино, општина Илинден.

Скопје, 27 јануари 2020 (МИА) – Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Десспотовски денеска ќе престојува во работна посета на компанијата „Нетам“ во село Марино, општина Илинден.

Како што информираат од ФИТР, целта на посетата е претставување на проектот „Изработка на изолациони градежни материјали од текстилен отпад“ преку кој се собираат, рециклираат, преработуваат и изработуваат нови производи од отпадните материјали од текстилната индустрија кои потоа се употребуваат во градежништвото.

-Преку иновативниот пристап на преработка и пренамена на отпадот со овој проект се намалуваат и количините на текстилен отпад во земјава кој завршува на депониите, со што се дава значителен придонес кон зачувување на околината заради неговата неразградливост и штетите последици од неговото согорување или складирање, велат од ФИТР. вј/бак/

Back to top button
Close
Close